Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник кој украл мобилен телефон од малолетник и пари од обложувалница

Триесетгодишно лице од Скопје со иницијали Х.И. е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава за две кривични дела.

Полицијата соопшти дека првото дело се однесува на кражба што осомничениот ја извршил лани кога физички нападнал малолетник за да му го зеде телефонот. Втората кражба била извршена во спорска обложувалница во Скопје од каде одземал пари.

Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК