Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски рече дека Силјановска е ВМРО, а таа вели дека е натпартиски кандидат

Христијан Мицкоски и директно ја демантира неговата кандидатка Гордана Силјановска, која лажно и неискрено се претставува дека е натпартиски кандидат, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од митингот во Кавадарци порача дека Силјановска е многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ отколку многу други во партијата.

„Пропадна обидот на Силјановска лажно да се претставува како натпартиски кандидат“, велат од СДСМ.

Додаваат дека за само три дена Силјановска пласирала три големи лаги со што се профилирала како поддржувач на лагите и лажните вести на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата“, додаде СДСМ преку соопптение.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +