13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски од Кочани: И тука владее чемер, јад и депресија откако СДСМ е на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа на митинг се обрати пред граѓаните во Кочани. Мицкоски посочи дека и во Кочани, како и во цела Македонија буквално владее чемер, јад, депресија и разочараност од моменталната реалност откако е СДСМ на власт и истакна дека на сето тоа ќе му се стави крај прво со победата на професорката Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори, а потоа и со победата на предвремените парламентарни избори.

„Затоа овие избори не се само претседателски избори, туку се пораз на заевизмот во Република Македонија, затоа ни е потребна победа. Затоа е потребна масовност на 21 април и на 5 мај, за да биде победата уште поголема. Потоа се знае. Следат предвремени парламентар избори и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Потребна ни е победа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за да ставиме крај на сето она омаловажување, понижување и неправди коишто ни се случуваат во овие две години во Република Македонија и оној заевизам кој е секојдневие.

Тој потенцираше дека со СДСМ на земјава ѝ се случуваат само неправди, како на пример што во Кочани манипулира со земјоделците со лажни ветувања како што е зелена нафта, а две години од неа ни трага ни глас, а земјоделците мака мачат да скрпат од први до први.

„Неправда е кога ќе ветат загарантиран откуп, повисоки субвенции и дополнителни стимулации за земјоделците, а денеска реалноста овде во Кочанско е катастрофална, ниту имаат каде ниту за што да го продадат родот. Ниту има загарантиран откуп ниту има зголемени субвенции. Истото тоа се случува и во Пелагонија и во Ресен и Ресенско, луѓето со пила ги сечат крошните бидејќи немаат каде да го пласираат родот затоа што 1 денар е килограм јаболко, а луѓето ги растеле тие дрва за еден ден да родат плод и да ги прехранат своите семејства“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека неправда е и тоа што патриоти добија 2 века казна, а борци на ИСИС добиваат три пати помали казни, кога за шест години нашите деца ќе се гледаат очи во очи со терористите од ИСИС, патриотите ќе имаат уште по 12 години зандана, само затоа што така сака деспотот Заев.

„Неправда е кога на капитулантски начин ќе потпишат договор со нашиот јужен сосед и ќе речат дека е условот за да добиеме преговори со ЕУ. Неправда е кога минатата година на плоштади ќе играат чочеци дека сме добиле датум за преговори, па потоа ќе се премислат и ќе речат дека оваа година, а нема ни оваа година да добиеме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека Заев сето свое политичко битисување го темели на два аргументи, лага и кражба, и тоа се двете работи со коишто опстојува. Го лажеше сопствениот народ, вели Мицкоски, се колнеше во децата дека нема да го промени името, за на крај да ги промени и името и идентиетот. Токму затоа, рече дека на Македонија веднаш ѝ потребна правда и држава.

„Затоа што од една страна го имаме Стево Пендаровски и опустошена, ограбена и омаловажена држава, а од друга страна професорката Гордана Силјановска-Давкова, честита и горда држава. Имаме човек, имаме кандидат кој со сета своја харизма, со сето свое животно искуство, со сите генерации кои поминале на правниот факултет и добиле знаење, со сета додадена вредност што уште може да ѝ ја даде на Македонија како држава, како претседател на Република Македонија, тоа е нашиот избор“, истакна Мицкоски.

Тој уште еднаш ги повика присутните за масовност на изборите и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска, за граѓаните да го живеат сонот на Македонија која ќе се ги врати децата назад,