Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влегла во домот на Б.Т. – Уапсени најмалку 4 лица

На 04.04.2019 во периодот од 09.20 до 11.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Т.(32) од Гевгелија. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, старо оружје, катран, боева мина, куршуми, стари монети и други предмети.

Поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“ во Полициската станица Гевгелија од слобода биле лишени и задржани Б.Т., како и Б.П.(19), В.П.(55) од Гевгелија и Д.Г.(23) од село Миравци, кои биле затекнати во станот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК