Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во неколкудневна работна посета на Република Португалија

Од денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Португалија во рамките на која ќе остари средби со претставниците на државниот врв на земјата, меѓу кои и со министерот за надворешни работи на Република Португалија, Аугусто Сантос Силва, и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос.

На средбите Османи ќе реферира за напредокот на земјата во рамките на европските интеграции, а во пресрет на престојаниот извештај на Европската комисија. Посебен фокус ќе биде ставен и на поддршката од страна на Република Португалија за европските интеграции на Република Северна Македонија, а во пресрет на јунските самити на Европската Унија.

Во рамките на работната посета на Португалија вицепремиерот Османи в недела (7 април) ќе учествува на годишниот „Хорасис глобален состанок“ (Horasis Global Meeting), кој е еден од водечките светски собири за бизнис и политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”. Османи ќе има свое обраќање на панелот посветен на предизвиците и перспективите на Европа и Европската Унија, насловен „2019, година на обнова на Европската Унија“

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК