17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мртов маж пронајден на скопската меѓуградска автобуска станица

Во скопската полиција во вечерните часови на 4 април било пријавено дека во чекалната од меѓуградската автобуска станица имало починато машко лице.

Од МВР информираат дека станува збор за бездомник со неутврден идентитет. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во капела во градските гробишта Бутел.