Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски да кажат со што биле уценети за да не смеат да ја интонираат македонската химна

Зоран Заев и Стево Пендаровски се срамат од македонската химна, јавноста очекува одговор со што биле уценети и заплашени за да не смеат да ја интонираат македонската химна при официјална државна посета во Република Македонија, како што налага Уставот на Република Македонија, порачаа од опозициската партија.

„Образложението дека селфито на Заев и ручекот со Ципрас се поважни од одвојувањето на време за интонирање на химната е уште едно понижување на македонскиот народ.

Тоа што Заев и Пендаровски немаат време за македонската химна е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија и покажува колку тие ги потценуваат националните и државни обележја.

Наместо апсурдни и неиздржани образложенија Заев и Пендаровски треба да се извинат за срамот кој и го нанесуваат на државата и на македонскиот народ“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК