9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

“Вклучување на жените и младите во туристичката дејност во Преспа„

Враќање на Преспа на листата на побарувани дестинации особено кај домашните туристи и Развој на Туризмот во Преспа е главната цел на проектот: “ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА 2019„ на Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен која на ден 29. март организираше тркалезна маса на тема :

“Вклучување на жените и младите во туристичката дејност во Преспа„

Главна цел на овој настан е поттикнување на млади лица и жени кои имаат желба наскоро да се вклучат со свој личен ангажман во туристичката дејност.

Пред присутните најпрвин се обрати претседателката на Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен,Г-ѓа Весна Миркова која на учесниците им го претстави подетално проектот и активностите кои ќе следат во иднина.Миркова не го криеше задоволство за продолжување на традицијата за настанот Туристички саем во Преспа кој за прв пат се одржа во 2018 година преку проект финансиран од Европската Унија( ЕУ). Овој проект всушност е продолжение со детектирани потреби за настани од претходниот проект „Туристички саем во Преспа 2018“ кој побуди голем интерес како кај туристичките работници така и кај целокупната јавност во Преспа.

Модератор на настанот беше Горан Лазаревски туристички работник од Преспа кој на присутните им претстави многу предности и убавини кои треба да се претворат во можности за развој на туризмот, заедно со учесниците се детектираа пропустите кои се воочливи и кои пречат за развојот на туризмот во Преспа.Заживување на традицијата и историјата преку органска , природна храна е уште една можност преку која мора да се привлекуваат туристи во Преспа.

Преспанскиот регион има огромен потенцијал за развој на туризам особено алтарнативниот туризам што ќе придонесе не само за развој на економијата туку и за ширење и промоција на културата и традициите од Преспанскиот крај.

Проектот „ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА 2019“ се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD),која ја финансира Европската Унија(ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации( УНДП) .

Спонзорирано: