Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда со реакција до Мицкоски

– Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ не е донесување на било каков Закон за Јавно обвинителство, туку квалитетен закон кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава.

За жал, насоките кои ги добива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Мицковски од неговиот менаџер од Будимпешта, а кои се претопени во амандмани, се против принципите на владеење на правото и правда во нашата држава.

Воедно, би сакале да ја истакнеме нашата согласност во однос на тежината на менаџирањето на процесот на носење на закон кој треба да ги отвори преговорите на ЕУ со нашата држава.

Законот со себе носи силни последици за сторителите на кривични дела. Тоа претставува посебна тежина во менаџирањето на процесот кој треба да овозможи продолжување на кривично гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии, кои сега треба да го поддржат законот. Едноставно, тежината е во тоа што законот тангира голем број страни од кои се очекува поддршка во Собранието со цел отпочнување на преговорите со ЕУ, се вели во реакцијата на Министерството за правда до Христијан Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +