Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев на средба со регионалната директорка на УНДП, Спољариќ-Егер: УНДП се постојан партнер на Северна Македонија за одржлив развој на државата и остварување на европската интеграција

Претседателот на Владата на република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со Мирјана Спољариќ-Егер, помошничка на администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и директорка на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави, која престојува во дводневна официјална посета на земјата.

На средбата беше изразено взаемно задоволство од одличната и плодна соработка што постои меѓу и претставниците на системот на ОН во земјата и беа разменети мислења и за тековните активности од соработката со УНДПкои, како што истакнаа двете страни, се голема поддршка за остварување на приоритетите и исполнување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Премиерот Заев, информираше за најновите настани во државата, потенцирајќи дека Владата по решавањето на долгогодишниот спор со Грција е посветена на процесот на остварување на стратешките цели на државата, полноправна членка на НАТО и Европската Унија.

„Соработката со УНДП е многу плодна и изразувам задоволство за партнерството што е создадено со Владата на Северна Македонија за проектите кои се однесуваат на модернизацијата на образованието, поддршката во проектите за вклучување на младите и нивно полесно вработување, користејќи ги моделите на УНДП за занимања кои ја зголемуваат вработеноста и го помагаат претприемаштвото, како и градењето на капацитетите на организациите на граѓанското општество“, истакна премиерот Заев, потенцирајќи дека главната цел е економски развој на земјата, поттикнување на инвестициите и просперитет за нејзините граѓани, но и за земјите од целиот регион.

Премиерот Заев потенцираше дека успешните примери од заедничката соработка и начинот на кој Македонија ги решава развојните прашања може да бидат споделени преку мрежата на УНДП. Исто така беше изразена подготвеност за поттикнување и подобрување на дигиталната соработка во регионот, посочувајќи ја дигиталната трансформација, која е и една од приоритетите на Стратегијата на ЕУ како неопходна за зголемување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Соговорниците изразија очекување и уверување за продолжување на успешната соработка во однос на заедничко дефинирање на стратешките приоритети, тековните активности, имплементацијата на постоечките проекти од интерес на државата и граѓаните, кои се значајни и од аспект на приближување на земјата кон стандардите на Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК