14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Наумов-Морицки: Улогата на владите е да го отвори патот на бизнис секторот, кој има посебна улога во развојот на економијата

Во срдечна и пријателска атмосфера на взаемно разбирање и конструктивен дијалог, кој ја карактеризира традиционалната соработка меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република заврши втората седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу двете земји. Претседавачи на пленарната сесија беа заменик министерот за економија Кире Наумов од македонска страна и неговиот хомолог од чешка страна надлежен за индустрија и трговија, Едуард Мурицки.

Работните средби на двете делегации беа во насока на зајакнување и понатамошен развој на билатералната економска соработка врз основа на взаемен интерес, а договорени се активности во повеќе сегменти како: трговија, инвестиции, МСП, финансии, транспорт и ИТ; енергија, индустрија и минерални суровини; земјоделство, туризам и животна средина.

Во делот на трговијата, двете страни се согласија дека обемот на трговска размена ги рефлектира реалните потенцијали на двете земји, при што можеме да пофалиме со континуиран раст. Размената изнесува 157.2 милиони евра во 2017 и 186.2 милиони евра во 2018 година, што претставува зголемување од 18.4%, при што извозот е зголемен за 22.3% (66.1 милион евра во 2018, а 54.1 милион евра во 2017). Увозот во 2017 е 103.1 милион евра, а во 2018 е 120.1 милион евра, при што остварен е пораст од 16.4%.

Имајќи ги предвид структурата и потенцијалот на националните економии на двете земји, на пленарната сесија е потенцирана важноста од целосно искористување на економските, трговските и индустриските можности, како и потребата од зајакнување и диверсификација на билатералната трговија преку различни активности од типот на размена на бизнис делегации, форуми, трговски посети, вклучувајќи ги бизнис асоцијациите и деловните здруженија од двете земји.

На втората седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република беше потенцирана посебната улога што ја има приватниот сектор во развојот на економијата, додека главната улога на Владите е да го отвори патот на бизнис заедницата и да ја обезбеди неопходната законска рамка таа соработка да може непречено да се одвива.

За таа цел во текот на вчерашниот ден, на маргините на втората седница на Мешовитиот комитет се одржа бизнис форум, на кој над 120 компании реализира Б2Б средби, а Сојуизот на стопански комори на РСМ и Чешката конфедерацијата за индустрија и трговија потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е зацврстување на деловните релации меѓу Северна Македонија и Република Чешка, како и зголемување на трговската размена.

На крајот на дводневните работни средб беше потпишан Протокол, кој гисодржи конкретните предлози за остварување на идните цели за зајакната економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.