13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Изгаснати пожарите кои беа активни неколку дена

Синоќа е локализиран пожар кој настанал во правец од с.Долно Блаце кон с.Горно Блаце, скопско, долж државната граница, кај место викано „Барди мост“. Во пожарот изгорела нискостеблеста шума.

Изгаснат е и пожарот во атарот на с.Бајково, с.Баделен и с.Стиник на планината Огражден, кој беше активен неколку дена. Опожарена била површина од околу 30 хектари нискостеблеста шума од бука, смрека и габер.

Изгаснати се и пожари, кои настанаа изминатите денови, на подрачјето на с.Црешнево, велешко, и пожарот кај с.Врбоец, крушевско, додека пожарот над с.Ореше, велешко, бил ставен под контрола.

Пожарот во националниот парк „Галичица“, кој беше активен изминатите неколку дена, исто така е изгаснат.