Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Судењата за сообраќајни прекршоци се преместуваат во старата зграда на Основниот суд Скопје 1

Сите судења од одделот за сообраќајни прекршоци, почнувајќи од денеска (1 април), ќе се одржуваат во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 во комплексот Судска палата.

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги известува сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки од одделот прекршоци – сообраќај дека сите судења од овој оддел кои досега се одржуваа во ‘бараките’ во близина на Градскиот парк од денеска, 1.4.2019 година, ќе се одржуваат во старата зграда на судот на булeварот Гоце Делчев б.б. во комплексот Судска палата“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека повеќе информации за бројот на судницата каде е насочен конкретен предмет, странките може да добијат на шалтерот за прием во судот.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК