24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поскапија горивата – бензинот ќе биде поскап за 2,5 денари

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,09%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, односно за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,677 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,375 ден/кг.

Спонзорирано: