Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарникар нападнат во Струмица

Пожарникар бил нападнат при гаснење пожар во Струмица. Како што информира полицијата, вчера во 17 часот во СВР струмица, З.Ш.(56) од Струмица, вработен во Територијалната противпожарна единица Струмица, пријавил дека истиот ден околу 15.10 на местото викано „Просенички пат“ бил физички нападнат од лицетот Т.С.

Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар. По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Отсјај од рефлектори на небото над Битола направи паника, отвори дилеми и шекулации на социјалните мрежи

ДЕСК

ШОК ВО СКОПЈЕ: Како закочил автобус со неисправни сопирачки, а бил полн со 85 деца, 37 над дозволеното!?

ДЕСК

ХАОС СО ВРЕМЕТО: Од кочан ладно време веднаш доаѓаат температури и до 25°C – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК