Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ потврди дека Мицкоски е виден во Унгарија, меѓутоа патувал кон Виена

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на информацијата на на CENTAR.mk за тоа дека Христијан Мицкоски е забележан во близина на Будимпешта, Унгарија.

Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели.
Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација. Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев. Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК