Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев ќе прошета по охридската чаршија

Денеска со почеток во 9:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе има свое воведно обраќање на 20 годишната конференција во организација на АД Македонска берза во хотел Метропол во Охрид.

По конференцијата, во 12:15 часот премиерот Заев придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, ќе прошетаат по охридската чаршија. Ги каниме медиумите на локација кај филигран „Михајло Филев“, од каде ќе се упатат кон плоштадот на Охрид и во 12:30 часот ќе дадат изјава за медиумите.

Потоа, во 15:30 часот, премиерот Заев и министерот за економија Бектеши, заедно со директорот на Царинска Управа на РСМ Ѓоко Танасовски, ќе направат увид во тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан и ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ ЗА ПЕНЗИИТЕ НА МАСА – Граѓаните би можеле сами да избираат дали ќе уплаќаат во вториот столб

ДЕСК

НОВИОТ БУЏЕТ ТЕЖИ НАД СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Владата предвидува раст на економијата од 3,8 проценти

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ОТВОРА НОВИ ПРАШАЊА НА РАБОТНОТО МЕСТО – Може ли вработен да одбие АИ?

ДЕСК