23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Нема да гласам на претседателските избори

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој во дебатите ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека нема да гласа на претседателските избори на 21 април, односно на 7 мај.

На ова пратеникот Павле Богоевски му возврати дека го поттикнува бојкотот на претседателските избори, односно апстинирањето на гласачкото тело во вториот круг со цел да не се избере нов шеф на државата, односно како што истакна претставникот на владеачкото мнозинство, да не се дозволи Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ да победи.

Со оваа одлука Пандов ги подгреа сомнежите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го повика членството на бојкот, доколку по првиот круг увиди дека нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова не може да го победи Пендаровски.

Доколку на 5 мај не се постигне потребниот цензус од 40 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список што излегле на гласање, по 12 мај кога му завршува последниот ден од мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов, в.д претседател на државата станува претседателот на Собранието. Со тоа Талат Џафери ќе добие целосни овластувања да ја води државата и да потпишува закони.