21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Милиони денари легнаа на сметките на илјадници земјоделци – Владејачката СДСМ со соопштение

-Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци, продолжува грижата за вистинските земјоделците, велат од Владејачката СДСМ.

-Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците.

Од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци.

При тоа опфатена е исплатата на субвенции на сите земјоделски култури како овошните, градинарските, житните и лозовите насади.

За одржување на овошните насади, на овоштарите исплатени им се околу 5,5 милиони евра.

Пред почетокот на новата проиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје.

За одгледувачите на градинарски култури исплатени се 4,4 милиони евра, додека пак за житните култури 5,5 милиони евра.

Министерстото за земјоделство, шумарство и водостопанство одвои 16 милилиони евра за субвенции во сточарството. А во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.

Исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците се одвива непречено, неселективно и навремено, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

C +

„Божиновска и Колумбија: Заедничка визија за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и поддршка на граѓаните од ранливите категории“

ДЕСК

Се живее се потешко – Повторно порасна минималната кошничка, за обичен живот на едно семејство потребни се 65.328 денари

ДЕСК