Centar.mk
МОЗАИК

По грешка уплатил две исти лото ливчиња и освои 46,6 милиони долари

Австралиец од Мелбурн уплатил две лото ливчиња со исти броеви, и секое му донело добивка од 23,3 милиони долари.

Австралиецот го уплатил ливчето во Сент Албанс, а потоа случајно, бидејќи мислел дека заборавил, уплатил уште едно ливче со истите броеви на друго место.

Уште еден добитник освои 23,3 милиони, но допрва треба да ја подигне својата добивка.

Во случај мажот да уплател едно ливче добивката би се поделила на двајца и тие би добиле по 35 милиони долари.

Но, бидејќи едниот играч уплатил две ливчиња, наградата е поделена на три дела и на тој начин едниот од добитниците добил две третини од џекпотот, односно 46,6 милиони долари.

Мажот кој уплатил две ливчиња вели дека истите бројки ги игра 30 години и дека е можно сега да се пензионира, да купи нова куќа, а можеби со семејството ќе замине на одмор.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 НОЕМВРИ – Еден знак добива неочекувана шанса, друг ќе мора да донесе тешка одлука

ДЕСК

СУДБИНАТА МЕША КАРТИ НА 2 НОЕМВРИ – Три знаци ги чека убав ден, еден нека внимава

ДЕСК

НОЕМВРИ ПОЧНУВА СО СУДБИНСКИ ПРЕСВРТ – Три знаци ќе почувствуваат берикет, а еден ќе се соочи со големо изненадување

ДЕСК