Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест: Почина легендата на македонското спортско новинарство

Во 88-та година од животот почина доајенот на македонското спортско новинарство Ивко Панговски. Препознатлив по својот глас, тој повеќе од половина век ги пренесуваше највозбудливите спортски настани на Радио Скопје. Засекогаш ќе се памети неговиот коментар: „ Гол, гол….не е гол“.

Во 1948 година, Ивко Панговски од весникот „Единство“ преминува во Радио Скопје каде што останува до пензионирањето, во 1989 година. Беше неуморен до последен ден, секогаш во кругот на спортистите и на спортските работници.

Половина век има поминато со микрофонот на Радио Скопје, коментирајќи го и првиот пливачки маратон во Охрид во 1962 година, потоа најтажниот пренос на Вардар веднаш по земјотресот во Скопје, а известувал и од погреб. Паралелно му бил и 30 години стенограф на Тито и присуствувал на разни затворени седници во владата на СФРЈ. Неколку децении беше репортер на Радио Скопје од натпреварите на ФК Вардар, коментираше од европски и светски првенства, од Олимписки игри. Добитник е на многу признанија, автор на неколку книги со спортска тематика.

Ивко Панговски е втор човек кој добил „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Прв е Перо Коробар, претседател на фудбалски сојуз на Југославија кој бил и претседател на Врховен суд на Југославија и Претседател на Уставен суд на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите

ДЕСК

Митрески: Интерпелацијата нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот

ДЕСК