21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Расчистена дилемата: Што всушност се случуваше утрово на скопскиот аеродром?

ТАВ Македонија ги информира патниците и јавноста дека денеска (28 март 2019 година) на Меѓународниот Аеродром Скопје, со почеток од 9 часот и 25 минути, беше извeдена вежба раководена од Одделот за обезбедување на аеродромот и од Министерството за внатрешни работи.

Во моментот на случување на вежбата, која беше симулација за деактивирање на експлозивни направи на аеродромот, патниците беа известени дека станува збор за вежбовна активност и дека притоа нивните патувања ќе се одвиваат непречено.

Ваквите вежби се дел од редовните активности на Одделот за обезбедување на аеродромот во соработка со Министерството за внатрешни работи.