17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Личните интереси може да ги затворат портите на ЕУ

По завршувањето на денешната средба со претседателите на политичките партии на Беса и Алијанса за Албанците, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска даде изјава за медиумите која ја пренесуваме во целост:

“Денеска имавме средба со претседателите на политичките партии од опозицијата, со Беса и Алијанса за Албанците околу Законот за Јавното обвинителство (ЗЈО). Разговорите се во насока на обезбедување на двотретинско мнозинство за усвојување на овој закон. Мислам дека разговорите беа конструктивни со отворање на теми коишто се легитимни за разговор и теми коишто значат воедно и поддршка на работата на СЈО и негово опстојување како посебен орган во системот на Јавното обвинителство.“

Следеа новинарски прашања, кои ги пренесуваме интегрално со одговорите:

Дали ќе ги прифатите ставовите?

За нивните ставови мислам дека е најкоректно тие самите да зборуваат.Генерално е прифатена нивната начелна поддршка за опстојување на СЈО како орган којшто ќе има ефикасни надлежности и којшто ќе биде посебно обвинителство, што е всушност и предлог во сегашниот закон. Во делот на начинот на користење на снимките како доказни средства ќе разговараме. Рековме да ги разгледаме варијантите и разговорите ќе продолжат понатаму. Сметаме дека генералната поддршка за СЈО како посебен орган е она што е најзначајно како резултат од денешните разговори.

Од Алијанса за Албанците рекоа дека бараат и Специјален Суд, дали е тоа прифатено?

Во Законот за Јавното обвинителство тоа прашање не можеме да го отвориме, тоа е прашање за друга дебата, така што денеска бевме фокусирани на ЗЈО. Секако, за било кои други прашања коишто ќе произлезат, отворени сме за разговори, но тоа прашање не може да се реши во овој закон. Нас денес тема на разговор ни беше конкретно ЗЈО, којшто треба да биде донесен со двотретинско мнозинство во најскор временски рок.

Ги разгледавте амандманите на ВМРО-ДПМНЕ?

Ги разгледав. Тоа се амандмани коишто таргетираат три групи на прашања.

Едната група е околу статусот на СЈО. Другата е околу доказите и судските постапки коишто  во моментот ги води СЈО, и третата се круг на прашања коишто таргетираат различни прашања во рамките на законот – дел има одредби коишто се префрлаат од етичкиот кодекс на Јавните обвинители во ЗЈО.

Од сите пораки коишто ги добиваме од Европската Унија, коишто укажуваат дека СЈО треба да биде посебно обвинителство во системот на Јавното обвинителство, а не нивно претопување, се практично пораки коишто ги слушаат и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас очекувам дека и покрај амандманите коишто денеска ќе ги разгледуваме на попладневната средба дека ќе ги имаат предвид укажувањата коишто и денескабеа повторени од страна на амбасадорот на Европската Унија, со цел да создадеме решение коешто ќе добие позитивна оценка од Брисел, бидејќи не знам по кај пат ни е укажано дека донесување на ЗЈО во кое СЈО ќе биде посебно обвинителство со траен мандат, трајно тело во јавнообвинителскиот систем, со конкретни надлежности е нешто што ќе биде услов за отворање на преговори со ЕУ.

Очекувам дека тие ставови на ЕУ, тие укажување ќе ги имаат предвид и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на денешните преговори со цел да најдеме решение коешто ќе биде компатибилно со европските препораки. Носење на закон, којшто ќе задоволи лични интереси не може да биде прифатено, бидејќи јасно ни е кажано дека законот треба да има одредени квалитетни решенија, одредени стандарди на коишто јасно укажува ЕУ, и тоа е црвената линија од којашто не смееме да отстапиме ако сакаме да ги отвориме вратите за преговори.

 

Дали ќе разговарате со осумтемина пратеници од независната пратеничка група?

Со нив не сум одржала состанок, договараме термин така што ќе имаме средба и со нив. Сите пратеници коишто имаат пратенички групи во рамки на собранието ќе бидат контактирани и ќе биде побарано поддршка за овој закон. Во рамки на тие средби ќе имаме и средба со оваа пратеничка група.

 

За вас е прифатливо СЈО да продолжи како посебен орган и доказите, бомбите да немаат рок?

Продолжувањето на СЈО како траен орган е нешто што е веќе содржано во предлогот на законот којшто го даваме. Она што значи користење на материјалите во законот е направено разликување на предметите коишто се покренати во рокот од првите 18 месеци, во другиот период, аудио снимките ќе се обработуваат, ќе се користат како индиции согласно моделот којшто го имаме и врз основа на тоа со докази ќе се оди на суд. Тоа е предлогот којшто го дадовме. Било кој предлог или амандман којшто е доставен којшто бара затворање на сите предмети после првите 18 месеци е нешто што не може да биде прифатено.

 

Кога е крајниот рок кога треба да се донесе законот?

Укажувањата на Европската Унија се дека во најскор временски период треба да биде донесен бидејќи се затвора извештајот за напредокот на нашата земја.

Претседателот на Собранието, г. Џафери, кажа дека пред 6 мај, не може да се изгласа.

Јас не знам какви се неговите укажувања, но она што ние го разговараме во Влада, е дека доколку се постигне согласност навистина очекуваме дека таа согласност ќе може во најбрз временски рок да се преточи во законски текст усвоен во Собранието.

Разговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат денеска во Министерството за правда со почеток во 18 часот.