Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со два авиона се гаснеше пожарот во Липково, исфрлени 35 тони вода

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека и денес биле активни на теренот, во гаснење на пожарот во Липковско. Со два авиона, 14 пати биле исфрлени 35 тони вода, на локацијата во селата Матејче и Никуштак во општина Липково.

„Со овој пожар, кој е уште еден од низата пожари последниве неколку недели, слободно може да заклучиме дека состојбата во државава е алармантна и дека и покрај апелите за агилност на инспекциските и копнените служби задолжени за водење превенција и контрола, ситуацијата не се смирува. Пожари во овој период од годината не се паметат последниве децении.

Затоа, ДЗС замолува за крајна совесност кај населението, и веднаш да се престане со палење ливади, трева и стрништа додека не настанала катастрофа од огромен размер, која би вклучила и човечки жртви”, информираат од ДЗС.

Можеби ќе ве интересира

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ДЕН: На мостот Гоце Делчев во Скопје ѝ одзеле накит – уапсени осомничени

ДЕСК