Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ објави и доказ: Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство; обвини Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19.

Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски многу добро знаат како се одвива процедурата за поднесување амандмани и затоа јасно е дека ова е уште еден нивен јалов обид за манипулирање.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени единствено на лажни вести што станува нивен единствен начин на делување, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

ДЕСК

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК