Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Неочекуван потег на ВМРО ДПМНЕ, избришаа прес конференција со лажна вест – Социјалдемократите го поздравуваат чинот и го охрабрија Мицкоски да се врати наназад и истото да го стори со претходните лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ избриша една прес конференција со лажни вести, ги охрабруваме да продолжат, порачаа од СДСМ.

– Вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, која беше последен класичен пример на ширење лажни вести, со наслов „Зошто Заев се уште молчи за скандалот со лиценци за марихуани од кои ќе се земаат милионски суми?“ избришана е од веб страницата на партијата. Видеото веќе не може да се најде ниту на официјалната Фејсбук страница на партијата, информираат од СДСМ.

Линкот до избришаната вест: https://vmro-dpmne.org.mk/pres-centar/pres/zoshto-zaev-se-ushte-molchi-za-skandalot-so-licencata-za-proizvodstvo-na-marihuani )

– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ, макар и симболично, почна да ги брише сопствените лажни вести.

Ги охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се вратат наназад и истото да го сторат со сите лажни вести што досега ги ширеа во нивните јавни настапи и партиски комуникации, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК