Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈАТОП ВЕСТИ

Фејсбук избриша фан страници и лажни профили кои потекнуваат од Македонија

Компанијата Фејсбук соопштила дека избришала неколку лажни профили од Македонија, Косово, Иран и Русија.

Станува збор за профили, за кои е наведено дека е забележано “координирано неавтентично однесување”.

Компанијата објави дека “вкупно 2.632 страни, групи и профили биле отстранети од Фејсбук и Инстаграм поради операции поврзани со споменатите земји”.

Се наведува дека “513 од тие профили биле поврзани со Иран, додека 1.907 биле поврзани со Русија”.

“Профилите поврзани со Русија во најголема мера се отстранети како “спам”, а мал дел бил ангажиран во координирано неавтентично однесување”, пишува во соопштението.

Компанијата навела дека страните и профилите се “отстранети поради однесувањето, а не поради содржината”.

Можеби ќе ве интересира

Калифорнија го тужи OpenAI откако нејзините AI модели извршија хакерски напад

ДЕСК

Microsoft ја откри причината за глобалниот прекин на системите

ДЕСК

ИНТЕЛ СЕ СООЧУВА СО ТУЖБА ПО ПАД ОД РЕЧИСИ 29 ПРОЦЕНТИ – Акционерите бараат одговорност поради финансиските прогнози

ДЕСК