2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во игра биле милиони – МВР предмалку поднесе Кривична пријава за перење пари

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – “перење пари и други приноси од казниво дело”, при што во периодот од 01.01.2016 до 24.08.2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра, противправно стекнати парични средства.
Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото ШЕЈДОТРАНС ДООЕЛ Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во период од година и пол, односно од 01.01.2016 до 24.08.2017 година, во промет пуштал парични средства, противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентирал и уплаќал во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Наедно вршел и фалсификување на деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персоналниот данок.
Пријавениот, со цел противправно стекнатите парични средства да ги сокрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани.
Исто така, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции „од“ и „кон“ правното лице ШЕЈДОТРАНС, а по негов налог еден дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за “вложување во акции и удели“ биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија, отворена на име на правно лице во Австрија во кое пријавениот се јавува како сопственик.