7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се стави во коалиција со криминалот

Криминалниот картел на СДСМ ја зароби Република Македонија и ги узурпира правдата и институциите. Владеењето на СДСМ со државата во овие две години го одбележаа неуспеси, политички прогони, сиромаштија и неправди, соопшти ВМРО-ДМНЕ.

Според нив, власта се стави во коалиција со криминалот и за да ги покрие своите матни зделки и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, почна да создава поделби и да ги гони неистомислениците.

„Правдата што ја ветуваа стана секојдневна неправда. Десетици патриоти и припадници на безбедносните сили се осудени без докази на 211 години од единствена причина што не мислат како Зоран Заев и беа првите што го кренаа својот глас против заевизмот, а борци на ИСИС, кои убивале луѓе и претставуваат опасност за секој еден граѓанин, добија минимални казни затвор.

Патриотите завршуваат во затвор, а криминалците слободно дивеат по улиците. Откако е СДСМ на власт, државата е претворена во крвава арена. Сведоци сме на секојдневни престрелки и убиства на улиците и никој ништо не презема. Виновниците и убијците шетаат на слобода, а граѓаните живеат во страв и паника грижејќи се за животите на сопствените деца.
Додека власта си го брани криминалот со прогон на политичките неистомисленици, граѓаните живеат сè посиромашно. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, економијата ни е најниска во Европа, младите забрзано се иселуваат, а власта се богати со криминални тендери во 4 очи и си ги згрижува најблиските во државните институции. Земјоделството ни е клекнато на колена, пензионерите измамени, образованието тоне, а здравството, наместо да го подобрат, го упропастија и го направија здравство во кое се шират епидемии и умираат луѓе.
Сè што видоа граѓаните од СДСМ се криминали, неправди, беда и неспособност. Граѓаните повеќе не смеат да бидат жртви на погрешните и погубни политики на СДСМ. СДСМ мора да си замине за да може Македонија да оди напред. Победата над СДСМ на претседателските избори ќе донесе предвремени парламентарни избори и тогаш граѓаните ќе го казнат заевизмот и ќе се изборат за подобра иднина“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: