13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скандалозно видео на Јаулевски – во снимка објавени приватни фотографии од деца на функционери

Скандалозно видео на социјалните мрежи објави претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Јован Јаулевски, а во снимката се појавуваат фотографии кои се приватно поставени на социјалните мрежи, од деца на функционери.

Снимката нема да ја пренесиме со оглед дека се крши приватноста на граѓаните.

Со ова е извршено флагрантно кршење на приватноста на децата на функционерите, и покрај тоа што партиите се договорија да нема црна кампања и да се почитува законот.

Познавачите предупредуваат дека со ова не само што се крши приватноста на млади луѓе, кои се државјани на оваа држава и ги имаат истите права како и сите граѓани, туку и се загрозува нивната безбедност. Уставот гарантира еднаквост на сите граѓани без разлика на нивна етничка, верска, политичка припадност. Буквално сите ги уживаат истите права и не смее да продолжи оваа практика на која се оцрнуваат сите роднини на функционери, само затоа што нивните родители или роднини стапиле на државна функција.

Во видеото опозицијата се обидува да прикаже дека децата на функционерите живееле во луксуз додека граѓаните се бореле да сврзат крај со крај.

Граѓаните, но и Социјалдемократите веднаш го осудија видеото.

– Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија. Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација. Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели – соопшти Александар Димитриевиќ, претседателот на СДММ.

Најинтересно е што видеото е објавено од прилично млад функционер, но тој доаѓа од партија која е прогласена за најбогата во Европа, а нејзината зграда во центарот на Скопје е вистинско здание кое чини десетици милиони евра и е предмет на обвинение од Специјалното јавно обвинителство. Сето ова се објавува додека се уште не е избришана меморијата на граѓаните за 11 годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ и скандалите од историски гледано низ светското минато, најголемото прислушкување и следење на десетици илјади граѓани, апсења на недолжни граѓани, уништени судбини преку медиумските мегафони, затворените независни телевизии и весници, изборни процеси за кои се подигнати обвиненија,а поради местења на тие избори. Да не заборавиме на страшните глоби од 5-10.000 евра кои се пишуваа на компании кои не одеа во прилог на тогашната власт и се затвораа, а многумина остануваа без парчето леб кое го вадеа за своите деца. Во тие времиња стотици илјади млади ја напуштија земјава која беше фрлена во целосна изолација. Не треба да се заборави и дека тие црни времиња ја уништија довербата на граѓаните кон државата, а која многу тешко се враќа, заота што државата ги изневерила младите, и покрај тоа што денес се’ е поинаку и работите се тргнати во позитивен правец, а Македонија забрзано се интегрира во евро-атланските процеси.

Видеото според аналитичарите потсеќа на црната кампања која на тогашните провладини медиуми со часови одеше против тогашната опозиција, а тоа беа најцрните времиња од владеењето на режимот на Груевски.

Спонзорирано: