9. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски за ИВЗ: Владата на чело со Заев нема да дозволи уцени од било кого

ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација,како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. За министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, писмото на ИВЗ е уцена, а според него потребен е дијалог.

„Сметаме дека заканите се непрофатливи од било кого доаѓаат,во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап, на одговорни луѓе личи добра комуникација. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, рече Спасовски.

Од друга страна вицепремиерот Османи рече дека е неопходно да се седне и да се разговара.

– „Сметам дека треба да се деескалира дебата и да се седне да се разговара за сите отворени прашања, сме покажале во минатотот дека со седнување на маса може да се помогне на верските заедници во нивните барања кои ги сметаат за важни,“ рече Османи.