Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Адеми: Македонската заедница во Хрватска важна алка за градење на соработката

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на неговата посета на Хрватска, се сретна со Заедницата на Македонците во Хрватска.

Министерот Адеми ги информираше присутните за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората и беа разгледани можностите за идна заедничка соработка со цел реализацијата на активностите кои произлегуваат од стратегијата и акцискиот план.

Македонските здруженија во Хрватска побараа поддршка за нивните активности во Хрватска. Министерот Адеми вети дека ќе ја имаат неговата поддршка и ги охрабри да продолжат со нивната активна работа во промовирањето на вредностите и културата на Република Северна Македонија во Хрватска.

Адеми попладнево ја посети и локацијата каде што се гради Македонската православна црква во Загреб и реализираше средба со отец Кирко Велински.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК