Кога во мај годинава беше назначен за генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски најави дека заедно со коалицијата се сигурни победници на следните парламентарни избори. Тогаш навести силни внатрешни реформи, зацврстување на внатрешната организација и нови концепти и модели на функцонирање. Колку успеа во своите намери за внатрешни реформи на партијата за само шест месеци?
Николовски во интервју за Фактор вели дека со нова енергија, партијата е подготвена и на 12 април оди на голема победа, граѓаните ќе изберат напредок, ќе ја запечатат европската иднина на Република Северна Македонија, а рецидивите од груевизмот кои за жал сеуште се присутни во нашата земја ќе бидат поразени. Николовски со задоволство зборува за новиот систем на работа и делување на СДСМ, за новата енергија, новиот концепт на партијата и интензивните теренски активности. На последната седница на Централниот одбор на СДСМ, Николовски беше избран за шеф на изборниот штаб на партијата за изборите предвидени за 12 април.
Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк