25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ја исправи режимската неправда: Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Оваа Влада продолжува да исправа неправди!

Нарачаните процеси од така наречената лустрација ќе останат само лоша меморија од времето на режимот.

На денешната редовна седница го утврдивме текстот на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи.

Со Предлог-законот, за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

Ја заокружуваме правната рамка на реформата во правосудството во однос на обезбедувањето на независноста и непристрасноста и со законска рамка ги поништуваме мерките и правните последици од процесот на лустрација.