29. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски од трибината Агенда Млади 2020-24: СДСМ ги вклучува младите за успешни младински политики

Младите мора да бидат вклучени во целост за успешни младински политики. Само така можеме да дојдеме до вистинските политики за младите и како и досега заеднички да спроведуваме мерки кои го подобруваат младинскиот стандард, истакна на трибината Агенда Млади 2020-24, во организација на СДСМ, претседателот на СДММ Дарко Каевски.

Една од нашите најголеми обврски е да ги поттикнеме младите да остават во земјата и наша определба е да креираме европски вредности, да бидеме еднакви со младите од високо развиените земји, нагласи Каевски.

Тој се осврна на бројните спроведени политики за подобрување на младинскиот стандард, меѓу кои ги истакна гаранцијата за млади, мерката млад земјоделец, со која им се обезбедуваше помош од 10 илјади евра, а сега 20 илјади евра за младите фармери, потоа оперативниот план за вработување, младинскиот додаток, европска младинска картичка, грандови за отворање на свој бизнис од 5-10 илјади евра, поддршка на иновации.

Каевски соопшти дека законот за млади, кој е во собраниска процедура, кој ќе им гарантира на младите вклученост во сите проекти , потоа законот за високо образование, реновирањето на студентките домови Гоце Делчев и Стив Наумов.

Тука е поддршката на млади талентирани лица во разни области и науки, поддржани од агенцијата за млади и спорт, но се бара системско решение, за дополнително да се мотивираат младите да вложуваат во својот интелект и капацитет и тоа преку младински центри,првиот е отворен во Кавадарци, за овозможување дополнителна мобилност на младите, истакна на трибината Агенда Млади 2020-24, во организација на СДСМ, претседателот на СДММ Дарко Каевски.