Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“

-Во духот на хуманоста и солидарноста, Форумот на жени на СДСМ заедно со Црвениот крст и граѓаните ја продолжува традиционалната хуманитарна акција Дарувај од срце. Денеска, на означените пунктови во Скопје и низ сите градови низ нашата држава донираме топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски денови. Воедно, со ова акција се приклучуваме кон одбележувањето на Меѓународниот ден на човековата солидарност – 20 декември со нашиот скромен придонес, со цел да внесеме повеќе топлина во колку што е можно повеќе семејства, изјави денеска Снежана Калеска – Ванчева, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, по повод хуманитарната акција на Форумот на жени на СДСМ, „Дарувај од срце“.

-Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помагање и поддршка се темелни вредности на социјалдемократијата.

Ние како Форум на жени на СДСМ се залагаме и вложуваме во овие вредности.

СДСМ со политиките кои ги води е насочена кон градење на праведно и фер општество со посебен акцент на најранливите категории граѓани со цел нивно извлекување од сиромаштија и обезбедување на пристоен живот за сите граѓани.

Хуманитарните акции на Форумот на жени ќе продолжат и во иднина, затоа што за нас сите граѓани се важни. Истовремено, ќе продолжат и нашите активности кои имаат за цел создавање на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на сите граѓани, особено на оние од ранливите категории.

Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат на оваа хуманитарна акција, да обезбедиме помош за што е можно повеќе семејства.

Сите да даруваме од срце, Снежана Калеска – Ванчева

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.