26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нина Николиќ од трибината Агенда Иноватива 20-24: Државата треба да ги олесни административните процедури, за националните херои што се решаваат да почнат сопствен бизнис

Државата треба да биде присутна, но не да става насоки, туку да ги олесни административните процедури, за нашите нови национални херои, а тоа се луѓето што започнуваат сопствен бизнис, ним треба да им се помогне со олеснување на административните процедури а тоа може да се направи преку дигитализацијата.

Ова на трибината во организација на СДСМ Агенда Иноватива 2020-24 го истакна Нина Николиќ од Стартап Македонија и се заблагодари на поканата да се дадат мислења од бизнис заедницата, во време кога се креираат политики.

Таа истакна дека иако земјата се соочува со одлив на мозоци, од друга страна огромен е бројот на лица од странство кои доаѓаат кај нас да отворат стартап поради поволностите тука.

Нивен најголем предизвик е решавање на административните работи, и тука треба да им се помогне, истакна на трибината во организација на СДСМ Агенда Иноватива 2020-24 Нина Николиќ од Стартап Македонија