26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Манчевски од трибината АГЕНДА ИНОВАТИВА 20-24 : Најголем предизвик се луѓето односно да знаат да ги користат новите дигитализирани системи

Јавниот сектор конечно го дигитализиравме. Клучно е да постигнеме дигитален развој. Во таа насока две години потрошивме но успеавме да ги надградиме застарените системи и воведовме систем за ефективно давање услуги по електронски пат. Порталот за е услуги е дел од тој процес со којшто им олеснуваме на граѓаните и ги подобруваме услугите и ефикасноста -истакна Дамјан Манчевски -министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ на денешната трибина „Агенда Иноватива 20-24“.

Тој потенцираше дека досега се воведени над 120 нови услуги, а до крајот на 2020 целта е овозможување на околу 300 услуги кои ќе им се понудат на граѓаните.

За нас како држава потребен е квантен скок за да можеме да го постигнеме развојот на останатите држави во светот.-истакна Манчевски.

Тој потенцираше дека има простор за иновативност и во јавниот сектор, но главниот проблем се луѓето, односно да знаат да ги работат и користат новите системи.

Воедно тоа е најголем предизвик со кој ќе се соочиме. Целта е да се користат од што е можно повеќе луѓе и институции.-заклучи Манчевски.