„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за проблемот со аерозагадувањето.Игнорантските и погубни политики за време на 11-годишното владеење ВМРО-ДПМНЕ придонесоа проблемот со загадувањето на воздухот да ескалира. Зеленилото се уништуваше за бизнис-интереси, се градеше неплански, никој не водеше грижа за проблемот со аерозагадувањето“, соопшти СДСМ.
Според партијата, има разлика помеѓу игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и вистинската грижа од страна на СДСМ за проблемот за загадување на воздухот.
„Денес се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација.
Обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање. СДСМ посветено работи и преку системска програма на краток и долг рок го решава проблемот со аерозагадувањето.Официјални податоци се доказ мерките на СДСМ даваат резултати, а бројот на денови со висока загаденост опаѓа“, се вели во соопштението.