Во германскиот град Цвикау му се суди на 8-месечно бебе поради наследен долг од 13.000 евра.
Девојчето Мила го наследило долгот од својот дедо и може да биде осудено да ги плати договорот за мобилен телефон и претплатата за спортскиот канал „Скај“.
Целиот случај почнал во 2018 година кога починал дедото на Мила, Рони, а мајката на девојчето, Софи Рајнолд (19), била во шестиот месец од бременоста. Таа и нејзиното тогашно момче, таткото на девојчето, одбиле да ги платат долговите бидејќи немале доволно приходи.
Но, кога се родила Мила, следувал шок. Бебето добило покана од судот. Мила, според законот, го наследила долгот што се побарувал по судски пат./Makfax