23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Фантастична е: Брза чоколадна торта која се прави за само 20 минути

Ако ви треба брз десерт за ненајавени гости, спасот е во рецептот со чоколадна торта што можете да ја направите за дваесет минути.

Состојки:
– 2 јајца
– 50 грама какао во прав
– 150 грама брашно
– малку сол
-1 мала лажица прашок за пециво
– 70 грама шеќер
– 6 лажици кокос или растително масло
– 50 мл млеко по ваш избор
– половина лажица екстракт од ванила

Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки. Потоа додадете ја течноста и добро измешајте сè. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете 180 минути во рерна на 180 степени.

Ако сепак сакате да ја украсите со шлаг чоколадо или шеќер во прав, тоа ќе биде брзо и ефикасно решение.