3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од среда, правилата ќе престанат да важат: Шпигел предвидува колапс на глобалниот трговски систем

Апелационото тело на Светската трговска организација ќе престане да функционира во среда, отварајќи можност да се сруши целиот систем на Светската трговска организација (СТО).

Правилата за трговијата престануваат дефакто да важат, пренесува „Шпигл“.

Претстојниот колапс на глобалниот трговски систем германскиот весник го поврзува со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.

Имено, САД веќе две години го блокираат процесот на избор на нови членови на Апелационото тело на СТО.

Во Апелационото тело на организацијата има седум места, од кои само три се пополнети. Во вторник, на двајца од тројцата судии им завршува мандатот

„Ова ќе му стави крај на Апелационото тело, а со тоа и на главниот надзорен орган на СТО“, забележува весникот.

Во Брисел сметаат дека Доналд Трамп со ова очекува поповолни услови за Соединетите држави во светот без СТО.

Штом работата на Апелационото тело е парализирана, СТО ќе биде парализирана, а светската трговија може да се врати на „правото на посилниот” , така што ЕУ „веќе се вооружува во таков случај“, заклучува Шпигел.

Спонзорирано: