Тамара Тодевска со песната “Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.
“Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.
“Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањетп на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.
Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум а до крајот на годината ќе биде промовиран и видео записот за “Monsters”.