8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски за Детектор: Не сум убеден дека ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене

Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во своето интервју за Детектор. Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

– „Не сум убеден бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот“ вели Пендаровски за Детектор.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓу-период.
– „Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“ – вели Пендаровски.

Тој за Детектор вели дека нема ништо против Собранието предвремено да го ратификува протоколот за НАТО бидејќи за членството во алијансата постои јасна политичка волја кај сите политички субјекти.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК