8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одржан состанок за изработка на стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за образование и наук,а Арбер Адеми, беа домаќини на високата делегација од Генералниот директорат на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија (DG JRC).

Владата согласно потпишаниот документ во Трст во 2017 година, од страна на премиерите на Западен Балкан, во јануари 2018 година донесе одлука за започнување на процесот за изработка на „Стратегија за паметна специјализација за истражување и иновации за Република Северна Македонија“.

Со оваа одлука Владата, поддржувајќи го концептот на ЕУ за паметна специјализација, се приклучи кон иницијативата на Европската Унија за иден економски развој и трансформација на регионите базиран на домашни истражувачки и иновативни потенцијали, знаење и технолошки развој, како главни двигатели на конкурентноста на регионална и глобална сцена.

Стратегијата за паметна специјализација е главен услов за користење на европските фондови, како и задолжителен предуслов за користење на структурните фондови.

Во основата на паметната специјализација е детектирање на клучни области, активности и технологии во кои земјата остварува компаративни предности, а за кои истражувањето и иновациите се клучен фактор за зајакнување на економијата и конкурентноста на глобалниот пазар. Во таа насока, работна група и експертски тим во соработка со странски експерт, изработија мапирање на економските, научните и иновативни потенцијали на земјата, кој финансиски го подржаа ЕУ и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Стратегијата за паметна специјализација преку дефинирање на областите и секторите ќе овозможи насочено вложување од страна на државата, науката (истражување и развој) и бизнисот, како и развивање на капацитети и потенцијали за создавање повисока додадена вредност, иновации, проширување на пазарот-интернационализација, вмрежување, развој на бренд и препознатливост.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК