9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Кисела Вода, Сопиште и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје, па без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Сопиште и Карпош.

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од с. Усје, т.е. улиците 1, 4 и 6 на крајот на селото (општина Кисела Вода), од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од с. Ракотинци (општина Сопиште), од 9 до 12 часот корисниците од улицата 10 во с. Долно Соње (општина Сопиште) и од 9 до 11.30 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин од бр. 87 до бр. 99 (општина Карпош).

Можеби ќе ве интересира

Без струја делови од Општина Центар

C +

Герасимовски: Се санира пешачката патека од хотел „Best Western“ до Министерството за финансии

ДЕСК

Четири различни цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

C +