16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа студ, снег и температури под нулата: Метеоцентар со детална временска прогноза

Денеска времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, особено претпладне и во западните делови. На планините над 1800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.

Утре ќе преовладува сончево и студено време, а од понеделник повторно ќе биде променливо облачно, во вторник и со нови врнежи.

Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а и дневните ќе бидат значително пониски.

Прогноза за 02.12.2019
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 7°С до 13°C
Умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 03.12.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Претежно облачно со локален дожд, на планините во северните делови со повремен снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Прогноза за 04.12.2019
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен источен ветер.

Добивајте точна Meteocentar прогноза на вашиот Фејсбук:

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК