23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
МОЗАИК

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Се вели дека земјотресот е природна катастрофа која не може да се предвиди. Меѓутоа постојат приказни дека животните се однесуваат чудно пред земјотрес.

Научниците кои го истражуваат однесувањето на животните особено внимавале на оние кои живеат во сеизмичките активни делови на светот и утврдиле дека животните денови, па и недели пред земјотресот го менуваат своето однесување.

Двајца американски научници тврдат дека животните можат да претчуствуваат земјотрес со јачина од 3,5 до 5 степени според Рихтеровата скала, а процентот на сигурност е околу 80 проценти. Своето истражување го поткрепија и податоците од 1983 до 1985 година во пределот на заливот Сан Хозе, неколку дена пред земјотрес. Во локалната листа постои рубрика на изгубени и најдени миленичиња и токму таму е пријавен голем број животни кои избегале од своите сопственици.

Вибрациите кои ги има земјата можат да ги почуствуваат животните, како што се слепите глувци, некои инсекти кои се чувствителни на брановите на одредена фрекфенција на која и претходи земјотрес.

Научниците можат да се согласат за четири постоечки претпоставки:

1. Животните можат да слушнат звук на одредена фрекфенција која и претходи на главниот удар.

2. Може да ги вознемири зголемена концентрација гасови кои на површина излегуваат пред поместување на земјата.

3. Реакцијата на животните , па и на домашните миленици, чудното однесување на другите животни кои ги напуштаат засолништата без страв од оние кои можат да им наштетат.

Уште една теорија во последно време стана интересна, а се однесува на сетилото кои рибите и птиците ги имаат и им помага да се ориентираат пред земјотрес.