-СДСМ како одговорна партија ги исполнува ветувањата и со своите енегетски политики успеа да ја намали цената на електричната енергија и да ја одржува на стабилно ниво, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните плаќаа убедливо најскапа струја. Во 2006 година еден киловат час електрична енергија чинел 2,37 денари, додека во 2016 година цената е убедливо највисока и изнесува 4,28 денари, во 2017 е незначително пониска – 4,27 денари. Тоа значи дека граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на Мицкоски, како директор на АД ЕСМ. Во 2018 година цената е намалена на 4,08 денари и останува стабилна и во 2019 година. Граѓаните го гледаат и чувствуваат ова на своите сметки. Мицковски, е единствениот директор во историјата на Електрани на Северна Македонија, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет, но затоа оставил договори и тендерски постапки, во висина од неверојатни 94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри, тениски игралишта и слични фантазии, соопшти денеска СДСМ.
„Денеска, Електрани на Северна Македонија има на сметките преку 80 милиони евра, пари со кои се гради чиста и сигурна иднина на Северна Македонија, а не нечија фантазија.
Дури и во „фактите“, изнесени од Мицковски, јасно се гледа, дека производството на ЕЛЕМ драматично паѓа од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на струја Електрани на Северна Македонија оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година производството е зголемено за 45 GWh, а нагорниот тренд продолжува и во 2019.
Во текот на 2018 и 2019 година, Електрани на Северна Македонија не набави ниту еден мегават час електрична енергија, а на слободниот пазар продаде вишоци, во вредност од 40 милиони евра, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога државата беше зависна од увоз на скапа струја.
Ова се фактите кои го потврдуваат расипничкиот и неодговорен однос на Мицкоски и ги демантираат сите негови лаги.Сите факти говорат дека реформите на СДСМ во енергетиката се шампионски и се на прав пат, колку и тоа да е несфатливо и неприфатливо за Мицкоски.“ – се вели во соопштението.