Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ – интегрален текст
Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за било која тема.
Наместо да со спинови, како што тоа го прави Мицкоски, ние ќе зборуваме со факти.
Факт број 1: Мицковки на средбата со премиерот Борисов вели децидидно: Јас сум човек кој што бил стипендист на италијанска влада сум поминал таму магистратурата и докторат во Германија стипендист на геманска влада. Така што мислам дека тука немаме никаква дилема.
Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски повеќе е од јасно дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже.
Факт број 2: Христијан Мицкоски кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји.
Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење.
Факт број 3: Мицкоски откако беше фатен безочно да лаже во ретерираше како по обичај и се обиде да спинува и да каже дека бил во Италија и Германија на студиски престој.
Да го потсетиме Мицкоски дека во ниту еден дел од неговата биографија нема наведен кога, каде, и како чиј стипендист бил на студиски престој. Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок.
Го прашуваме повторно Мицкоски, каде и под кои услови дипломираше, магистрираше и докторираше?
Мицкоски уште еднаш, по којзнае кој пат покажа дека е неискрен и нечесн политичар кон граѓаните. Мицскоски, ги научил лекциите од неговиот ментор, Никола Груевски, секојдневно е со нова лага.
Се што знае Мицкоски се лажни вести, деструкција и неодговорно однесување.